Политика за Кавалитет

ПОЛИТИКАТА ЗА КВАЛИТЕТ, која е рамка за воспоставување и прегледување на дефинираните цели за квалитет, Бис Оил доо се обврзува во целост да ја спроведува, почитувајќи ги при тоа следните основни принципи:
Креирање деловен систем за квалитет насочен кон:
· купувачите, со цел зголемување на нивната доверба.
· прилагодување и ориентирање кон пазарот, со цел зголемено учество во истиот, преку усвоените четири основни постулати:
- одличен производ
- одлична цена
- одлична услуга
- одлично воспоставени односи со купувачите
· доставување на квалитетен и безбеден производ до ценетиот купувач, со што ќе се зголеми и подобри имиџот на фирмата.
· создавање коректни односи со добавувачите заради квалитетно добавување на производите и исполнување на барањата на Бис Оил доо.
· идентификување и елиминирање на сите недостатоци кои можат да предизвикаат губење на работа и купувачи, смалување на добивка и се она што неповолно влијае на целата заедница.
· овластување на сите вработени да работат во рамките на нивните дефинирани одговорности.
· исполнување на потребите на вработените.
· исполнување на законската регулатива и легислатива.

Бис Оил доо во иднина се обврзува :

Континуирано да го одржува и подобрува Системот за управување со квалитет, со што ги исполнува барањата од стандардот ИСО 9001:2008, а воедно и ги задоволува барањата на купувачите и заедницата во целина, како општествено одгворен субјект.
· перманентно да го спроведува стручното оспособување за квалитетот на вработените на сите нивоа.
· да води грижа за подобрување на условите за работа, опремата и знаењето на вработените, како и унапредување и заштита на животната средина.

  iso185x119