„Бис Оил“ ја стартуваше новата визија за иднината на компанијата

Иако досега компанијата „Бис Оил“ ја градеше својата репутација како ексклузивен увозник на понудата на германскиот бренд „Кастрол“, а потоа го прошири своето портфолио на брендови во доменот на маслата и мазивата, од 2016 година тие започнуваат со освојување на малопродажба на авто делови преку свои продавници.

Со отворањето на првото од планираните три продажни места предвидени за 2016 година, лоцирана до сервисот „Ауто Вуле јуниор“ во непосредна близина на „Тутунски комбинат – Скопје“ започнува новата визија за иднината на компанијата. Овој влез во сегментот на непосредната понуда за крајните потрошувачи во почетокот ќе се потпира на производите на „Бош“, „ЛУК“, „ИНА“, „ФАГ“, покрај веќе добро познатиот асортиман на „кастрол“ и „ОМВ-ПО“.

Воедно, компанијата нуди и онлајн продажба преку TEC DOC каталог на својот веб сајт www.bisoil.com.mk

Преземено од derbi.mk