ДОБРЕДОЈДОВТЕ

Бис Оил е семејна приватна компанија која е основана уште во 1992 година. Главна дејност на компанијата во нејзините почетоци е трговијата на големо и мало со моторни масла, мазива и автоделови за патнички, товарни возила и индустриски машини

Бис Оил во 1993 година станува овластен дистрибутер на светски познатиот бренд Castrol за Северна Македонија, а во 1998 година и на Robert Bosch автоделови и дијагностика. Развојот на портфолиото на Бис Оил продолжува во 2006 година кога компанијата станува овластен дистрибутер на брендот Petrol Ofisi - Türkiye. Ваквите партнерства со докажани брендови во оваа индустрија овозможија Бис Оил постојано да има пристап до најсовремените производи, технологии и стандарди и истите да ги понуди на домашниот пазар. Низ годините Бис Оил стекнува репутација и доверба со лидерска позиција на пазарот со развиена мрежа на преку 1000 купувачи на големо на производите и услугите кои ги нуди Бис Оил.

Бис Оил го создаде и Techno Oil, првиот домашен бренд во Северна Македонија со производство на линија на моторни масла, комерцијални масла и мазива со премиум квалитет, како домашен бренд во оваа дејност.

Почнувајќи од 2018 година, следејќи го нејзиниот раст и визијата за диверзификација на деловните активности на компанијата, Бис Оил влегува во пазарот на градежништвото, здравствените услуги и производството на електрична енергија преку фотоволтаични панели

Следејќи ги светските трендови за развивање на поголема свест за животната околина и целејќи кон постигнување на одржливо управување со отпадните моторни и комерцијални масла преку иновативни и еколошки одговорни решенија, намалување на влијанието врз екосистемите и заедниците, Бис Оил се специјализира во компанија за управување со отпадни масла, со обезбедена лиценца за самостоен постапувач за постапување со отпад од отпадни масла. Преку високи стандарди и еколошка одговорност, придонесува за зелена животна средина и подобрен квалитет на живот. Иновативноста во овој сегмент на управување со отпадните масла не завршува тука, па така Бис Оил преку собирање, обработка и рециклирање на отпадните масла во наредниот период на пазарот ќе биде лидер во напредното рециклирање и циркуларната економија.

Со својата долгогодишна традиција, посветеност кон квалитетот и иновациите, како и силната грижа за животната средина, Бис Оил продолжува да поставува нови стандарди на пазарот. Компанијата останува посветена на својата мисија да обезбеди премиум производи и услуги, истовремено придонесувајќи за одржливо управување со ресурсите и подобрување на животната средина. Потпирајќи се на своето мото „We keep your movement“, Бис Оил гарантира сигурност, доверба и постојано движење кон поодржлива иднина.

Погледни го нашето видео
Бис Оил
Најдобри производи,
со најдобри цени!
Секогаш и секаде, безбедно патување

Со квалитетните масла и производи на Бис Оил, вашето возење е секогаш подготвено за нови авантури – безбедно, сигурно и ефикасно!

Поддршка и советување

Нашиот тим на експерти е секогаш тука за да ви обезбеди професионална поддршка и советување, помагајќи ви да донесете најдобри одлуки за вашето возило и бизнис!

Бис Оил е нашиот доверлив снабдувач со години, секогаш испорачувајќи висококвалитетни моторни и индустриски масла. Нивната посветеност на квалитетот и услугата е неспоредлива.

Марјан Ристески

Тимот на Бис Оил секогаш обезбедува одлична поддршка и советување. Нивната експертиза ни помогна да ги направиме најдобрите избори за нашите возила и машини, осигурувајќи долгорочна ефикасност.

Арбен Красниќи

Веќе три децении, Бис Оил ги поставува стандардите за квалитет и сигурност. Нивните премиум брендови и иновативни решенија ги прават лидери во индустријата. Чест ми е да соработуваме успешно.

Игор Стојанов