Бис Оил се здоби со Лиценца за вршење на дејност за управување
со отпад

Согласно член 22 став (1) од Законот за проширена одговорност на производителот за управување со посебните текови на отпад, Бис Оил ДОО Скопје како увозник на познати брендови на моторнии и други масла, на ден 12.12.2023 основаше Друштво за санација и останати услуги за управување со отпад БИС ОИЛ-ГРЕЕН ЛИНЕ ДООЕЛ Скопје, како самостоен постапувач за управување со посебен тек на отпад, односно управување со отпадно моторно и други автомобилски и машински масла.

БИС ОИЛ-ГРЕЕН ЛИНЕ ДООЕЛ Скопје на 19.04.2024 година се здоби со Дозвола за самостоен постапувач за постапување со отпад од отпадни масла со број УП1-11/2-436/2024, додека БИС ОИЛ ДОО Скопје на 23.07.2024 година се здоби со Лиценца за вршење на дејност за управување со отпад (собирање и транспорт на опасен отпад) број УП1-11/2-1373/2024

Овој голем чекор за BIS Group претставува доказ за нашата посветеност да се придржуваме кон сите релевантни закони и регулативи за управување со отпадните масла, активно соработувајќи со регулаторните тела за да ги надминеме стандардите за усогласеност и да промовираме најдобри практики во индустријата

Додека го славиме овој нов успех, остануваме посветени на одржливо управување со отпадните масла преку иновативни и еколошки одговорни решенија, намалувајќи го влијанието врз екосистемите и заедниците. Со користење на најсовремена технологија и етички практики, целта е да придонесеме за чиста и здрава планета, додека одговорно ги зачувуваме природните ресурси.