Успешна соработка со Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР)

Во рамките на јавниот конкурс за кофинансирани грантови за комерцијализација на иновации на Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР), БИС ОИЛ ДОО поднесе успешна апликација на проект насловен „Систем за собирање, преработка и обновување на автомобилските и комерцијалните отпадни масла". ФИТР препозна сериозен економски и еколошки потенцијал во овој проект и го поддржа во рамките на овој јавен конкурс.

Идејата и целта на овој проект е Бис Оил ДОО Скопје да ги исполни обврските од "ЗАКОНОТ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ОТПАДОТ" и ЗАКОНОТ ЗА ПРОШИРЕНА ОДГОВОРНОСТ НА ПРОИЗВОДИТЕЛОТ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ПОСЕБНИТЕ ТЕКОВИ НА ОТПАД, односно да го рециклираме целокупното автомобилско масло што го пуштаме во промет и дополнително да рециклираме и дел од маслото кое го пуштаат останатите увозници во прв промет во Македонија.

Основните цели на проектот се да инсталираме систем со капацитет на опрема за собирање на отпадното масло во сите градови и поголеми населени места, да го транспортираме безбедно отпадното масло до главното собиралиште во Бис Оил во Сарај-Скопје, истото да го обработиме, односно рециклираме во повторно употребливи компоненти и инертен сув отпад кој може да се употреби во бетонската и асфалтната индустрија.

Процесот на рециклирање се состои од неколку клучни фази:
1. Примање и сортирање: Отпадното масло се прима во системот и се сортира според своите карактеристики, како што се видот на масло и степенот на загаденост.
2. Пречистување: Отпадното масло потоа се прочистува за отстранување на загадувачите и несаканите супстанци базирано на принципот на груба филтрација.
3. Регенерација: Очистеното отпадно масло се подвргнува на регенерација преку процесот на дестилација на висока температура под вакум и дополнително хемиски третман и филтрирање.
4. Производство на нови производи: Регенерираното базно масло се користи за производство на нови масла или масти.

Системот за рециклирање на отпадно масло е построен и дизајниран да прима, третира и рециклира отпадно масло од различни извори, согласно принципите на одржливост и заштита на животната средина. Постоењето на овој систем значително го намалува загадувањето на околната средина и помага за одржување на чист воздух, вода и почва.

Наша цел е да станеме најголем капацитет за обработка и рециклирање на отпадни масла во државата, и тоа со интегрирана А еколошка лиценца.