За да се задржи стабилната положба на патот, сите монтирани делови на шасијата треба да исполнуваат високи барања за прецизно и висококвалитетно производство. Нормалната работа на суспензијата придонесува за коректно однесување на возилото на патот, ниско ниво на бучава и вибрации. Сите елементи на подвозјето работат во синхронизација, како еден систем. Исправноста на подвозјето ви обезбедува удобност и безбедност при возењето.
При екстремна ситуација на патот, стабилноста е од исклучително значење, исправноста на суспензијата го задржува тркалото на коловозот, за да се обезбеди правилна работа на системот за сопирање.
Бис Оил нуди широк спектар и достапност на квалитетни производи по системот за суспензија на возилото. Понудените производи се од водечки производители ,што нудат квалитет на оригинално вградување.